СВЕТИЕВА, Анета

СВЕТИЕВА, Анета (Битола, 14. ⅩⅠⅠ 1944) – вајар, магистер по ликовни уметности и доктор по етнологија, истражувач на народната уметност и унив. професор во Заводот за етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Дипломирала (1968) и магистрирала (1970) во класата на проф. Јован Кратохвил на Академијата за ликовни уметности во Белград на тема „Савремена кретања у светској скулптури и код нас“ (5. Ⅵ 1970) и докторирала на Филозофскиот факултет – Катедра за етнологија во Белград на тема „Резбарене таванице, долапи и врата у Македонији“ (16. Ⅴ 1988). Член е на ДЛУМ (1975). Била асистент и научен соработ-А. Светиева: „Гласник“ (1970) ник–истражувач за пластичната народна орнаментика во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје (1. ⅩⅠⅠ 1977 – 14. Ⅲ 1990) и ги истражувала копаничарските изведби на таваниците во Дебар. Професор на Катедрата за етнологија во Институтот по географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како вајар, имала самостојни изложби во Скопје (1970, 1973 и 1989), Белград (1970, 1984 и 1988), Љубљана (1986), Охрид (1987) и Вараждин (1988). БИБ.: Резбарени тавани, долапи и врати во Македонија, Скопје, 1992; Етнолошко и културно-антрополошко проучување на Порече, Скопје, 2003. ЛИТ.: Викторија Васев Димеска, Анета Светиева, Скопје, 1989; Соња Абаџиева, Гледањето како (не)бивање. Женски прилог кон методолошкиот дискурс на модернизмот, во: Прашања за македонскиот модернизам, Скопје, 2000 ; 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950–2000. Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 147; Ликовен адресар на Македонија, Скопје, 1994, 107-108 и 119-120. С. Мл.