СВЕТА ПЕТКА

СВЕТА ПЕТКА“ – црква во Дебар. Ѕидана од делкан бигор и од тули. Подоцна во дворот била изградена и камбанарија. Точниот датум на изградбата не е познат, но се смета дека постоела кон крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. По заземањето на земјата од страна на Османлиите црквата била претворена во џамија и така функционирала с¢ до 1913 г., кога повторно била претворена во црква. Нема остатоци од фрескоживописот. На дрвениот иконостас има неколку икони, дело на зографите Аврам Дичов од с. Тресонче (син на познатиот зограф Дичо) и Крсте Николов од Лазарополе. ЛИТ.: К. Балабанов, Студии од културно-историското наследство на градот Дебар и дебарската област, „Ликовна уметност“, 2-3, Скопје, 1974-1977, 29-30; К. Балабанов, Благо на путевима Југославије, Београд, 1983. К. Б.