СВЕТА ПЕТКА

СВЕТА ПЕТКА“ – црква во с. Брајчино (Преспанско). Мала еднокорабна црква за којашто се смета дека била изградена и живописана во ⅩⅤⅠ в. Препуштена на забот на времето, таа била напуштена и полуразурната. Со користење на истиот материјал, црквата била обновена некаде во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Фрескоживописот од периодот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. е со слаб квалитет. Во Илинденското востание (1903) конаците биле опожарени. ЛИТ.: К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980. К. Б.