СВЕТА ПЕТКА

СВЕТА ПЕТКА“ – мала еднокорабна црква во Дебар со полуобличест свод и подоцна дограден нартекс. Ѕидана од кршен камен и од малтер. Нема остатоци од стариот фрескоживопис. На мермерната плоча, поставена на „Чесната трпеза“, е зачуван натпис со испишаната година 7201 (1693), која може да се толкува како година кога е изградена црквата. Во литературата постои податок дека на 15 октомври 1679 г. дебарскиот епископ Митрифан го напуштил Дебар затоа што бил избран за пелагониски митрополит. Во 1693 г., со согласност на охридскиот архиепископ Игнатиј, некој непознат граѓанин од Дебар ја откупил малата црква. Годината на откупувањето се совпаѓа со годината испишана на плочата, што мо-Света Злата Мегленска же да се смета како година кога е изградена црквата. Плочата се наоѓа во црквата. ЛИТ.: К. Балабанов, Студии од културно-историското наследство на градот Дебар и дебарската област, И, Кога била градена малата црква посветена на св. Петка во Дебар, „Ликовна уметност“, 2–3, Скопје, 1974 – 1977, 29–33; К. Балабанов, Благо на путевима Југославије, Београд, 1983. К. Б.