СВЕТА ПЕТКА

СВЕТА ПЕТКА“ – еднокорабна гробишна црква во с. Бељаковце на Крива Река, источно од Куманово. Според зачуваниот натпис, градена е и живописана во 1605/1606 г., со помош од бројни приложници. Дел од живописот е под подоцнешна преслика. Имала ѕидан и најверојатно исликан иконостас. ЛИТ.: С. Петковиђ, Зидно сликарство на подручју Пеђке патријаршије 1557–1514, Нови Сад, 1965, 203; М. М. Машниќ, Нови сознанија за црквата Света Петка во Си-ричино, Тетовско, „Културно наследство“, 24-25/1997-98, Скопје, 1999, 79, заб. 23. М. М.