СВЕТА ПЕТКА

СВЕТА ПЕТКА“ – гробишна црква во с. Мургаш, југоисточно од Куманово, со архитектонски облици што наликуваат на црквата во Довезенце. Има зачувани ѕидни слики само во олтарниот дел, работени во стилот на поствизантиските сликарски разбирања (најверојатно крајот на ⅩⅤⅠ и почетокот на ⅩⅤⅠⅠ в.). Во олтарот е забележано допојасјето на св. Ахил Лариски. ЛИТ.: С. Крстиќ, Гробјанската црква Св. Параскева во село Мургаш, Кумановско, „Музејски гласник“, год. 4, бр. 7-9, Куманово, 2002, 105–130. М. М.