СВЕТА ПЕТКА

СВЕТА ПЕТКА“ – гробишна црква во с. Младо Нагоричане, североисточно од Куманово. Има карактеристична архитектура чиј наос од источната страна нема манифестна апсида, додека од јужната и западната страна е опкружен со затворен трем. Ѕидните слики настрадале. Делумно е зачуван циклусот на св. Петка. Датирањето кон 1628 г. се темели врз препис на натписот, кој денес е уништен. ЛИТ.: К. Балабанов, А. Николовски, Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980, 87; Т. Витларски, Гробјанската црква Св. Петка во с. Младо Нагоричино, „Ликовна уметност“, 8-9, Скопје, 1983, 111–125. М. М.