СВЕТА ГОРА

СВЕТА ГОРА (Атос) – еден од трите завршни полуострови на Халкидичкиот Полуостров во југоисточниот дел на историско-географска Македонија. Полуостровот зафаќа површина од 389 км 2, долг е околу 60 и широк – од 7 до 16 км. Во својот јужен дел завршува со врвот Атос, кој со својата височина од 2033 м. над морското ниво доминира над целата територија.
Територијата на Света Гора е претежно шумовита, со стрмни карпести површини, пештери и длабоки долини. Ваквите географски погодности, како и изолираноста од другата копнена територија, овозможиле на Полуостровот мошне рано да се населат одделни монаси и монашки групи со строга аскетска ориентација. Населувањето на Света Гора особено се засилило по освојувањето на Египет, Палестина и Сирија од страна на Арабите во Ⅵ–Ⅶ в., кога од овие христијански територии биле протерани голем број монаси, кои нашле засолниште во разни манастири на територијата на Византија, вклучувајќи ја и Света Гора.

Втор бран населување на Света Гора се случил во времето на доминацијата на иконоборската ерес во Византиската Империја (Ⅷ–Ⅸ в.), кога почитателите на иконите биле прогонувани од императорите иконоборци и од официјалните црковни власти. Меѓу прогонуваните црковни лица имало и многу монаси што останале верни на вековната православна традиција и побарале спас во непристапните предели на Полуостровот.
Почетоците на светогорското монаштво го поставуваат во Ⅸ в. светите Петар Атонски, Ефтимиј Нови и Јован Колов. Од истиот век е и првото официјално сведоштво за постоење организиран монашки живот во Света Гора. Историчарот Генесиј соопштува дека на црковниот собор во 843 г. во Цариград присуствувале и монаси од Света Гора. Постоењето на организиран монашки живот во Света Гора во Ⅸ в. се потврдува и од една царска повелба на византискиот владетел Лав Ⅵ од 893 год.
На Света Гора одделни монаси пустиножители живееле и пред Ⅸ в., меѓутоа, спомнатите тројца светогорски монаси придонеле за брзиот развој на монаштвото и стануваат родоначалници на разни тенденции во монашкиот живот: Петар Атонски на еремитскиот (спилеотски), Ефтимиј Нови на скитскиот (лавриотски), а Јован Колов на општожителниот монашки начин на живеење. Исклучително влијание врз обликувањето и развојот на монашкиот живот во Света Гора има и св. Атанасиј Атонски (Ⅹ в.) – основачот на првиот официјален светогорски манастир Великата Лавра (963).
зиции во олтарната апсида и по не-
Света Гора, авионска снимка
кој фрагмент од циклусот на Голе
Почнувајќи од втората половина на Ⅹ в. на Света Гора се изградени повеќе манастири, скитови, монашки ќелии и други згради (пиргови, стопански објекти, пристаништа и сл.). Во различните временски периоди, притоа, бројот на манастирите и другите монашки живеалишта е различен. Така, според сведочењето на Мономаховиот типик од 1048 год., имало околу 180 манастири. Некои од нив во подоцнешниот период престанале да постојат, но затоа пак биле изградени нови. Во 1169 год., на пр., се изградени манастирите „Св. Пантелејмон“ (Стари Русик) и Кутлумуш, во 1198 год. е основан манастирот Хилендар, додека една група манастири се формирани дури во текот на ⅩⅣ
в. (Пантократор, Симоно-Петар, Григоријат, Дионисијат и „Св. Павле“). Денес на Света Гора има 20 манастири, 12 скита и околу 600 монашки ќелии и, според светогорскиот статут, бројот на манастирите и скитовите веќе не може да се менува.
Манастирите може да се делат на групи во зависност од нивната хиерархиска поставеност, но и од нивната географска положба. Според Статутот од 1924 год., хиерархискиот редослед на светогорските манастири е следниов: Велика Лавра, Ватопед, Ивер, Хилендар, Дионисијат, Кутлумуш, Пантократор, Ксиропотам, Зограф, Дохијар, Каракал, Филотеј, Симоно-Петар, Свети Павле, Ставроникита, Ксенофонт, Григоријат, Есфигмен, Свети Пантелејмон и Констамонит.
Во почетокот сите манастири биле општожителни (киновиски), но во текот на ⅩⅣ в., со развојот на исихазмот, се појавува нов начин на монашко живеење, со кој му се дава предност на пустинскиот, осамениот начин на монашко живеење (идиоритмија). Иако цариградските патријарси биле против ваквиот монашки начин на живеење, сепак тој на Света Гора се проширил и кон крајот на ⅩⅤⅠⅠ
в. сите светогорски манастири станале идиоритмички (неопштожителни). Подоцна се појавува обратен процес – постепено поминување од идиоритмија кон киновиски начин на живеење, а имало општожителни и неопштожителни манастири. Денес сите светогорски манастири се општожителни и се управуваат од игумен, додека при идиоритмијата манастирите се управувале од Собор на старци, кој избирал извршен орган од два епитропа за период од

Комплексот на Руската црква „Св. Пантелејмон“ на Света Гора
Денес на Света Гора има 12 манастирски скитови што се наоѓаат под административна управа на некој од дваесетте светогорски манастири. Под административна управа на Великата Лавра се наоѓаат три скита: „Свети Јован Крстител“, „Света Ана“ и „Капсокаливија“ („Света Троица“); под управа на манастирот „Свети Павле“ има два скита – Новиот скит „Св. Богородица“ и скитот „Св. Димитриј-Лаку“, а два скита припаѓаат кон манастирот Ватопед – „Свети Димитриј“ и „Свети Андреј“. Неколку манастири имаат во своја надлежност по еден скит. Скитот „Св. Богородица – Ксилург“ му припаѓа на рускиот манастир „Св. Пантелејмон“, скитот „Св. Илија“ – на манастирот Пантократор, скитот „Св. Јован Претеча“ – на Ивер, скитот „Св. Пантелејмон“ – на Кутлумуш и скитот „Св. Благовештение“ – на Ксенофонт.
Во текот на многувековната историја Света Гора територијално припаѓала кон разни држави, при што најдолг период била во рам-ките на Византија и на Отоманската Империја. Особено често владетелите на Света Гора се менувале во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. По распадот на византиската држава во почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., Света Гора влегува во границите на Солунското Кралство (1204–1222), а потоа би-ла под власта на Епирското и на Цариградското Царство (од 1261). Во тој период кратко време Света Гора била под власта на бугарскиот цар Иван Асен Ⅱ, додека во ⅩⅣ в. неколку децении била и во рамките на средновековната српска држава (1345–1371). По продорот на Турците на Балканот, а особено по Маричката битка (1371) се создаваат услови за турска окупација на Света Гора. Првата окупација на Света Гора од

една година. Кај нив власта на Захари Зограф: „Изгонување на трговците од храмот, Блудниот син и Ненаситниот“, Велика Лавра, фреска во црквата „Св. Атанас“, Света Гора (1852)
игуменот е речиси симболична.

Турците трае од 1385 до 1404 г., додека конечното присоединување на Полуостровот кон турската држава станува по паѓањето на Солун (1430). Од оваа година, па с“ до 1912 г. Света Гора и Светогорската монашка заедница се наоѓаат во рамките на Турската Империја. Во есента на 1912 г. Света Гора е окупирана од грчката војска, а на Лондонската конференција (1913) е потврдена и загарантирана автономноста и неутралноста на Монашката Република. Конечниот статус на Полуостровот е дефиниран со Мировниот договор од Лозана во 1923 год., со кој Света Гора е дефинирана како теократска република под државниот суверенитет на Грција, со гаранција на неповредливоста на негрчките манастири.
Во тој долг период од историјата на Света Гора светогорските манастири често биле разурнувани и одново градени. Многу страдала и монашката заедница, како и уметничките дела, старите книги и архивската документација. Таквите разурнувања биле особено катастрофални во времето на Крстоносните војни (1204–1261), при нападите на каталонските гусари од почетокот на ⅩⅣ в. (1307–1309) и во времето на Грчкото востание (1821–1829), кога многу светогорски монаси отворено застанале на страната на востаниците. Тоа довело до окупација на Света Гора од отоманската власт, при што во светогорските манастири цели десет години биле стационирани околу илјада турски војници, кои ги тероризирале монасите и ги ограбувале манастирите. Затоа на Лондонската меѓународна конференција (1830), кога е признаена независноста на Грција, е прокламирана и меѓународна заштита на Света Гора. Слично решение е донесено и на Берлинскиот конгрес (1878), кога Света Гора е ставена под контрола на специјална меѓународна комисија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *