СВЕТА БОГОРОДИЦА

СВЕТА БОГОРОДИЦА“ – црква во стариот дел на Охрид, позната како Каменско. Била подигната во ⅩⅤⅠⅠ в., а обновена и проширена во 1832 г. Според зачуваниот натпис над јужната врата од надворешната страна, црквата била зографисана во 1863 г. од страна на познатиот зограф Дичо од с. Тресонче. Олтарниот простор го затвора иконостас работен во резба од некоја од тајфите на мијачките резбари. ЛИТ.: К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980. К. Б.