СВЕТА БОГОРОДИЦА

СВЕТА БОГОРОДИЦА“ – црква во с. Дреново, во близина на патот Градско – Прилеп. Во основата, црквата претставува комбинација од куполна трикорабна базилика и крстообразна црква од стеснет тип. Има куполи над наосот и нартексот. Страничните кораби се засводени. Градена е од кршен камен и од малтер, со употреба на сполии донесени од античкиот град Стоби. Нема точни податоци за тоа кога е изградена и живописана. Во литературата се спомнува податокот дека во 1378– 1380 г. со црквата управувале властелините Константин Драгаш-Јаковац и Драгослав. Константин Драгаш ја приложил на светогорскиот манастир „Пантелејмон“ во Кареја. Како творец на фрескоживописот се спомнува зографот Димитриј (1356). ЛИТ.: В. С. Радованови¢, Тиквеш и Раец, 1924, „Насеља“, ЏЏИЏ, 444; В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; Д. Коцо, Неколку нови податоци за средновековните споменици во Македонија, „Гласник на Музејско-конзерваторското друштво на НР Македонија“, Скопје, 1954. К. Б.