СВЕТА БОГОРОДИЦА

СВЕТА БОГОРОДИЦА“ – црква во близина на с. Сливница (Преспанско). Според зачуваниот натпис, била изградена и живописана во 1607 г., во времето на игуменот јеромонах Никанор. Како дарители се спомнуваат повеќе лица, особено Михаил Петков од Битола, чијшто син Купен починал во 1599 г. Во основата црквата има форма на впишан крст во правоаголен простор од стеснет тип. Засводена е со полуобличест свод со травеи. Апсидата од надворешната страна е петострана. Во 1612 г. од западната страна бил изграден нартекс со полуобличест свод. Во 1645 г. на местата од униште-Црквата „Св. Богородица“, с. Сливница, Преспанско (1608) ниот фрескоживопис, работен во 1612 г., бил изведен нов. Врз композицијата Богородица со Христос, насликана во нишата над западната врата (однадвор), е зачувана сигнатурата на зографот Никола. Најверојатно тој ја има живописано западната фасада на црквата. На дрвениот иконостас има неколку икони од времето на живописувањето на црквата. ЛИТ.: К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980, 285. К. Б.