СВЕТА БОГОРОДИЦА , КАНЕО

СВЕТА БОГОРОДИЦА“, КАНЕО – пештерна црква, вовлечена во тесниот засек на стрмната карпа под црквата „Св. Јован Богослов – Канео“. Просторот на пештерата е преѕидуван и приспособуван за престој на неколку монаси, а на еден од тие ѕидови е зачувана и единствената фреска во црквата што го претставува Воведението на Богородица. ЛИТ.: Петар Миљковиќ-Пепек – Гоце Ангеличин-Жура, Пештерниот храм Воведение кај Канео во Охрид, „Ликовна уметност“, 10-11, Скопје, 1985, 25–35. С. Ц.