СВЕТА БОГОРОДИЦА , КАЛИШТА

СВЕТА БОГОРОДИЦА“, КАЛИШТА – пештерна црква во карпа западно од сегашната манастирска црква. За нејзината градба е искористен големиот засек во карпата, кој од источната страна е затворен со ѕид што има добиено форма на олтарна апсиПештерната црква „Св. Богородица“, Калишта, Струшко (ⅩⅤⅠⅠ-ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) да. Околу црквата има автентични монашки ќелии. Внатрешниот простор е покриен со полуобличест свод на кој се насликани Христос, ангелите и допојасни претстави на пророците. Во подолната зона е насликан циклусот на Големите празници, а во најниската зона на северниот ѕид службата на словенските светители св. Кирил Филозоф и св. Климент Охридски, придружувани од св. Спиридон и св. Никола. На западниот ѕид е Гостољубието на Аврам и допојасни претстави на трите еврејски момчиња. Црквата и живописот се настанати во почетокот на ⅩⅤⅠⅠ век, а олтарната апсида и нишата на протезисот во втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ век. ЛИТ.: Коста Балабанов – Антоние НиколовскиДимитар ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980, 281–282; Цветан Грозданов, Ѕидното сликарство и иконописот во струшкиот крај, Струга и Струшко, Струга, 1970, 340; Гоце Ангеличин-Жура, Страници од историјата на уметноста на Охрид и Охрид-ско(ⅩⅤ–ⅩⅠⅩ век), Охрид, 1997, 33–39. С. Ц.