САРКАЊАЦ, Бранислав Владимиров

САРКАЊАЦ, Бранислав Владимиров (Скопје, 14. Ⅳ 1958) – доктор по филозофија, универзитетски професор. Дипломирал (1983), магистрирал (1993) и докторирал (1996) на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како уредник на Третата програма на Македонското радио, а потоа и како асистент, доцент и вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Клучен филозофски интерес му е филозофијата на политиката, а се занимава и со односите меѓу филозофијата, социологијата и медицината. Значаен е и неговиот придонес во теориската примена на постколонијалната критика на катахрестичкото и на ризоматското мислење врз примерите на македонската историска и политичка реалност. БИБ.: Идеологијата и субјективитетот, 1993; Социологија на медицината, 1999 (коавтор со С. Костовски); Македонски катахрезис, 2001, 2004; Корени и ризоми, 2001 (коедитор со Б. Иванов) и др. ЛИТ.: „Билтен на Универзитетот ,Св Кирил и Методиј´“ во Скопје, бр 800, 8 Ⅲ 2002. Ив. Џ. Рудар во рудникот „Саса