САРИСА

САРИСА – копје во вооружувањето на Македонската војска. Би-ло дизајнирано со 24 стапки (7,34 м), од практични причини должината била скратена на 21 стапка (6,4 м). Претставувало револуционерно откритие на македонската војска на кралот Филип Ⅱ. Копјето се состоело од бодеж (шилест врв) и од рачка. Војникот во борбата го држел со двете раце; 4/5 пред телото, а 1/5 одзади. Првите пет редови од фалангата го држеле копјето хоризонтално, а останатите редови исправени на рамо. Кога ќе паднеле првите редови, го спуштале хоризонтално, односно во борбена положба. ЛИТ.: Плутарх, Александар Македонски, Скопје, 1994, 87. В. Ст. Бранислав Саркањац