САРИЕВСКИ, Александар

САРИЕВСКИ, Александар (Галичник, Гостиварско, 1922 – Скопје, 19. ⅩⅠⅠ 2002) – интерпретатор на народни песни. Кариерата ја започнал во Македонската радио-телевизија (од 1945 г., како хармоникаш и пејач во Малиот народен оркестар) и во ансамблот „Танец“ (од 1950 г., како тапанџија и пејач). Настапувал низ целиот свет и стана своевиден „заштитен знак“ за интерпретација на песните од Западна Македонија. За продукцијата на МРТ сними неколку стотини песни, најчесто како со-лист, но и во дует со други врвни интерпретатори („Филизо, моме Филизо“, „Кандисал Ајредин-паша“, „Дејгиди луди млади години“, „Те кажувајет бре Илиној моме“ и др.). Во еден период бил и продуцент за Македонија во Музичката продукција на РТ Белград. М. Кол. Врв од копјето сариса на Македонската војска