САМОЛОВЧЕВ, Боривое

САМОЛОВЧЕВ, Боривое (Емил) (Нови Бечеј, Србија, 5. Ⅴ 1923 – Белград, 21. Ⅹ 1994) – доктор на педагошките науки, андрагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа (Вршац, Србија, 1944), дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1954), каде што и докторирал (1960). Посебно се занимавал со образованието на возрасните. На Филозофскиот факултет во Скопје предавал (в.) андрагогија и методика на воспитната работа (1963–1985). БИБ.: Образовање одраслих у прошлости и данас, 1963; Теориске основе војног васпитања и образовања, 1974; Општа андрагогија, 1979; Основи на андрагогијата, 1981; Теоретските и методичките основи на воспитната работа, 1984; Савремени токови образовања одраслих, 1987. ЛИТ.: Филозофски факултет 1946–1976, Скопје, 1976, 73. К. Камб.