САЛИУ, Сервет

САЛИУ, Сервет (с. Гајре, Тетовско, 20. ⅩⅠⅠ 1928 –Тетово, 1994) – политичар. Ја завршил Високата школа за политички науки во Белград. Бил организационен секретар на Општинскиот комитет на СКМ, потпретседател на Собранието на Општината Тетово и претседател на Општинската конференција на ССРНМ. Подоцна бил избран за член на ЦК на СКМ и одговорен за кадровската политика, член на Републичката конференција на ССРНМ и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ. Со образложение „поради низа слабости и недоследности за човек што вршел низа високи општествени и републички функции и оти сноси одговорност за ескалацијата на албанскиот национализам и сепаратизам во Тетовската општина“, на проширената седница на ОК на ССРН во Тетово бил отповикан од делегат на РК на ССРНМ (23. Ⅹ 1987). ЛИТ.: Сервет Салиу отповикан, РК ССРН – Тетово, „Вечер“, ЏЏВ, 7541, Скопје, 23. Ⅹ 1987, 4. С. Мл. шабан Салиу