САИД, Мустафа

САИД, Мустафа (с. Дорфулија, Штипско, 1916) – инж. агроном. Завршил гимназија во Скопје и дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун. По Ослободувањето бил претседател на Околискиот задружен сојуз, претседател на Околискиот народен одбор и член на Околискиот комитет на СКМ во Штип, директор на Управата на хидрометеоролошката служба и член на Главниот одбор на ССРНМ. С. Мл.