САДИКУ, Садик

САДИКУ, Садик (с. Пирок, Тетовско, 25. Ⅱ 1930) – просветен и политички деец. Завршил гимназија и апсолвирал на Филозофскиот факултет (1970). Бил учител и наставник во основно училиште и во гимназија и референт за професионална ориентација во Заводот за вработување во Гостивар. Бил член на Извршниот одбор на Општинската конференција на ССРНМ, член на Претседателството на Општинскиот синдикален совет, претседател на Општинската конференција на СКМ во Гостивар, пратеник и претседател на Административната комисија на Собранието на СРМ и член на ЦК на СКМ (избран на Петтиот конгрес на СКМ). С. Мл. Саз