САГУДАТИ

САГУДАТИ – словенско племе, населено во Македонија кон крајот на Ⅵ и поч. на Ⅶ в., на териториите западно и југозападно од Солун, во рамничарските предели помеѓу Солун и Бер. Учествувале, заедно со другите племиња, во нападите на Солун (616–618, 674–677) и гусареле по крајбрежјето на Егејското Море. По походот на Ставракиј (783) ја признале византиската власт.
ЛИТ.: Т. Живковиђ, Јужни Словени под византијском влашђу (600–1025), Београд, 2002. К. Аџ.

Аврам Садикарио

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *