САВЧЕНКО

САВЧЕНКО (КАТЕРИНИЌ, ПЛОТНИЦКА), Елисавета (Бобровица, близу Киев, Украина, 20. Ⅷ 1903 – Сливен, Бугарија, 26. Ⅹ 1999) – оперска певица, сопран. Носител на улогата на Сантуца во првата изведба на операта Кавалерија рустикана на сцената на Македонскиот народен театар на 9 мај 1947 г., датумот на раѓањето на Македонската опера, во која работела од 1947 до 1949 г.. Покрај улогата на Сантуца настапила и во улогата на Тоска во истоимената опера и Људмила во Продадена невеста. Ф. М.