САВЕВСКИ, Саво Ѓорѓиев

САВЕВСКИ, Саво Ѓорѓиев (Охрид, 13. Ⅲ 1898 – Скопје, 23. Ⅶ 1969) – офталмолог. Медицина завршил во Бордо (1923), а офталмологија специјализирал во Бордо и во Стразбур (Франција). Од 1928 г. работел во скопската Државна болница, во која од 1929 до 1931 г. бил в.д. шеф на Одделението за офталмологија. Приватно работел до 1944 г., а потоа бил партизански лекар. По Ослободувањето работел во Воената болница, еден од основачите на Очната клиника (1947) и директор (1953), каде што работел до пензионирањето (1967). Во 1961 г. станал примариус. Објавил 12 стручни трудови. П. Б. – Сл. М. П. Периша Савелиќ САВЕЛИЌ-САМСОН, Периша