РУЧИГАЈ, Даница

РУЧИГАЈ, Даница (Скопје, 1934 – Скопје, 26. Ⅶ 1963) – поетеса, авторка на две стихозбирки, загинува во Скопскиот земјотрес. Дебитира со исповедната љубовна лирика „Сребрени, ноќни игри“ (1960) и „Сребрени, ноќни игри & Заробеници на ветрот“ (2003). Со стиховите од втората збирка „Заробеници на ветерот“ (1963) е претходничка на мотивскиот и јазичен нонконформизам на една цела плејада македонски поетеси (Р. Трифуновска, Д. Илин, Г. Михаилова-Бошнакоска, К. ќулавкова, Л. Дирјан, Л. Димковска). ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век (1990); Јасна Котеска. Македонско женско писмо (2002). В. М.-Ч.