РУСО, Бено Исак

РУСО, Бено Исак (Битола, 20. И. 1920 – Скопје, 18. Ⅵ 2006) – генерал-мајор на ЈНА. Завршил основно училиште, бил механичарски калфа. Служел воен рок во 1941 г. и бил заробен од германските сили и спроведен во логор. Избегал од логорот, се вратил во Македонија и се вклучил во НОД; станал член на КПЈ (1941), секретар на ГК во Битола (1942), борец во ПО „Јане Сандански“ (1942), во „Даме Груев“ и во баталјонот „Мирче Ацев“ (1943). Бил политички комесар на чета, на баталјон, на бригада и на 41. дивизија. Како политком на ⅩⅤ (македонски) корпус учествувал во борбите на Сремскиот фронт. По војната завршил Виша политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ и Виша воена академија. Во 1960 г. е унапреден во чин генерал-мајор. Во пензија од 1970 г. Одликуван со: Партизанска споменица 1941, Орден југословенско знаме со лента, Орден заслуги за народ од прв ред и др. ЛИТ.: Бено Русо-Коки, Траги на незаборавот, автобиографски ракопис, Еврејска заедница на РМ, Скопје, 2007. В. Ст. РУСУЛЕНЧИЧ, Ристо Василев