РУСИ, Љутви

РУСИ, Љутви (Дебар, 21. И 1923 – Скопје, 28. Ⅱ 1981) – новинар, писател, преведувач од и на албански јазик. Носител на Партизанска споменица 1941, истакнат борец во НОБ во Западна Македонија. Во новинарството од педесеттите години, долгогодишен уредник на емисиите на албански јазик на Радио Скопје, а потоа с“ до пензионирањето бил главен и одговорен уредник на „Флака“ и на „Просветно дело“. Во коавторство со Миле ќорвезироски го објавил првиот Македонско-албански речник (1967). Преведувал од македонски на албански јазик и обратно. Член на ДПМ (1953). БИБ.: Песни за пионерите (заедно со Мемедали Хоџа), 1953; Бригада на зајаците, 1966; Партизански приказни, 1974; Калење, 1975; Ибе Паликуќа, 1976; Двајца другари, 1977; Сомневање, 1979; Лиман Каба, 1980; Глувонемиот, 1981. А. П. и Б. П. Ѓ.