РУСИНСКИ-ЧУКАРСКИ, Никола Петров

РУСИНСКИ-ЧУКАРСКИ, Никола Петров (с. Русиново, Малешевско, 21. Ⅹ 1875 – с. Русиново, 14. Ⅵ 1943) – социјалист, деец на ТМОРО, околиски војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил подофицерска школа во Софија. Бил четник во првата чета на ТМОРО во Малешевијата (1897), а потоа во четата на Г. Делчев. Од Делчев бил испратен Никола РусинскиЧукарски во западниот дел на Македонија (1900), станал војвода и дејствувал во Крушевско, Демирхисарско, Кичевско, Прилепско, Охридско, Струшко, Битолско Поле и Мариово (1900–1903). Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание (во Прилепско и Леринско). Оставил спомени во осум тетратки. ИЗВ. и ЛИТ.: Љ. Лапе, Никола Петров Русински како извор на раниот период од ширењето на социјалистичките идеи во Македонија, Историја, В, 2, Скопје, 1969; А. Трајановски, Револуционерната дејност на Никола Русински во Демирхисарско-крушевскиот реон, „Прилози“, бр. 48–49, 1988; Никола Петров Русински Спомени. Подготвиле: Д. Пачемска и В. Кушевски, Скопје, 1997. Ал. Тр.