РУСАЛИСКИ ОРА

РУСАЛИСКИ ОРА – македонски машки народни ора поврзани со русалискиот обичај. Се изведуваат во текот на т.н. денови на мртвите, кои траат од Божиќ до Дуовден. Играорците всушност се добротворна група што играат пред семејните селски куќи, сите опремени со дрвени сабји во рацете, освен балтаџијата, кој е во центарот на орскиот полукруг и го раководи играњето, држејќи балтија (еден вид секирче) во едната рака. Ората се играат во полукруг, со спуштени раце, без ме-Габата рујница (млечка) Русалии, Гевгелиско ѓусебно држење. Почнуваат во бавно темпо, а кон крајот се забрзуваат. Во текот на играњето чес-то играчите остро замавнуваат, верувајќи дека ги гонат злите духови и повампирувањето на мртвите. Интересно е и нивното вртење околу својата оска, со истовремено меѓусебно удирање со сабјите. Придружени се од зурлаџиска тајфа. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 152. Ѓ. М. Ѓ. Аце Русевски