РУМЕНОВ, Владимир

РУМЕНОВ, Владимир (Крушево, 1. Ⅴ 1870 – Софија, 20. И 1939) – лекар, учесник во Илинденското востание, припадник на ВМРО. Се школувал во Софија, Киев, го завршил Медицинскиот факултет во Москва и Одеса. Учествувал во создавањето на Медицинскиот факултет во Софија и бил претседател на Врховниот медицински совет. Автор на трудови од областа на медицината. Член на ВМРО и пратеник во Народното собрание на Бугарија. ЛИТ.: Алманах на бÍлгарските национални движения след 1878, София, 2005; Борис Ј. Николов, ВÍтрешна македоно-одринска револÓционна организация. ВоŸводи и рÍководители (1893–1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001. З. Тод.