РУЖИНОВСКИ, Миле

РУЖИНОВСКИ, Миле (Велес, 30. Ⅹ 1935) – генерал-полковник на ЈНА. Завршил Воено артилериско училиште во Загреб, Виша воена академија во Белград (1965) и школа за оператива (1971). Извршувал високи комановозможило да се реконструира Металуршкиот комбинат Рудници и Железарница „Скопје“ дни, штабни и партиски должности. Бил командант на Артилериската дивизија во Тетово (1965–1969), командант на Артилерискиот полк во Кичево (1971– 1974), началник на штабот на дивизијата во Куманово (1974–1979), член на ЦК СКМ (1974–1978), командант на дивизијата во Лесковац (1979–1981), претседател на Комитетот на СК во Втората армија во Ниш (1981), унапреден во чин генерал-мајор (1983), началник на штабот и заменик на командантот на Третата армиска област во Скопје (1985), главен инспектор на Оружените сили на СФРЈ (1986), предвремено унапреден во чин генерал-потполковник (1987), началник на Првата управа и заменик на началникот на Генералштабот на Оружените сили на СФРЈ (1988), унапреден во чин ген.-полковник (1991), началник на Центарот на високите воени школи на Оружените сили и член на Врховната команда на Оружените сили на СФРЈ (1991). Посредувал за спогодбено повлекување на единиците на ЈНА од РМ. Предвремено пензиониран (1991). М. Мин. Руј