РУДНИЦИ ЗА МЕРМЕР ВО РМ

РУДНИЦИ ЗА МЕРМЕР ВО РМ. Варовниците и доломитите зафаќаат голем дел од територијата на РМ. Се издвојуваат три региони: доломитски калцитски мермери на пелагонискиот масив, во западномакедонското подрачје, и варовници и доломити во вардарската зона. Едно од најпознатите наоѓалишта на мермер во Македонија е Сивец. Се наоѓа на периферијата на пелагонискиот масив, на границата од планините Бабуна и Козјак. Воова подрачје се издвоени следните серии на карпи: бигорливи песочници, песокливи глини, механички материјал (детритус) и бели доломитски мермери. Најзначајни се бе-лите доломитски ситнозрнести мермери со ретки пластови на калцити. Димензиите на рудното тело изнесуваат 44 х 106 м³ цврста маса. Хемискиот состав е ЦАЦО3 61% и 39% МГЦО3. Вкупните рудни резерви се 6.471.200 м³. Треба да се истакне дека мермерите од Сивец имаат нагласена блоковитост, некогаш и по неколку м³ со одлична белина што ги вбројува во едни од најквалитетните во Европа, па и во светот. Експлоатација на мермери на територијата на Република Македонијасе вршела во Мермери–Гостивар, Мермери–Кичево, Дебриште, Плетвар, Козјак, Марков Стап– Кавадарци и др., но главно на сиви, сиво-бели и црвени мермери. Во денешни услови бели мермери се експлоатираат на локалитетот Бела Пола–Небрегово, во околината на Прилеп од страна на компанијата „Лазаридис“. Постојат можности и за експлоатација на мермери кај Пласница, Лисичани, Цер, Бањица и др. ЛИТ.: Милорад Стојановиќ, Наоѓалишта на неметални минерални суровини во Македонија, Скопје, 2005. Т. Сер.