РУДНИЦИ ЗА ГЛИНИ ВО РМ

РУДНИЦИ ЗА ГЛИНИ ВО РМ. Во Република Македонијасе присутни значителни наоѓалишта на глина од различен генетски тип. По своите хемиски и физички карактеристики тие се меѓусебно различни, поради што имаат и различна употребна вредност. Туларските глини се најраспространет вид глини. Постојат голем број наоѓалишта што се во експлоатација. Од овие глини се произведуваат разни видови тули. Познати се наоѓалиштата во околината на Катланово, Велес, Неготино, Куманово, Штип, Виница, Струмица, Битола, Ресен, Гостивар, Струга и други локалитети. Керамички глини од различен квалитет се познати на повеќе локалитети. Тие се најмногу присутни и истражени во околината на Пехчево, каде што маркантно се истакнува наоѓалиштето Елата, а потоа Буковиќ и Грозил. Елата е седиментно наоѓалиште со просечна моќност од 14 м. Глинските минерали се создадени како последица на хемискиот распад на минералите на еруптивните и ефузивните карпи, кои биле слабо дијагенезирани и на нивното преталожување. Глините се употребуваат во разни индустриски гранки. Во производството на тули се употребуваат глини, кои покрај глинени минерали содржат и примеси (варовник, песок, Рудникот за мермер „Сивец“, Прилепско железо). Во керамиката се употребуваат глини во кои максимално може да има 1,5% Фе. Глините од кои се изработува порцелан, електропорцелан и фина керамика се каолински и илитни глини со висока пластичност. Огноотпорните висококвалитетни глини се употребуваат за добивање шамот и друг огноотпорен материјал. Бентонитските глини се применуваат во индустријата за масло за јадење, во нафтената, хемиската, текстилната, во индустријата за гуми, бои и лакови, итн. ЛИТ.: Милорад Стојановиќ, Наоѓалишта на неметални минерални суровини во Македонија, Скопје, 2005. Т. Сер.