РУБЕН, Ремон Емилов

РУБЕН, Ремон Емилов (Скопје, 2. Ⅱ 1911 – Скопје, 21. И 1988) – дерматовенеролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Грац (1934), а специјализирал во Белград (1940). Хабилитирал во областа на кожната туберкулоза (1960). Автор е на голем број стручни трудови објавени во земјата и во странство. Бил избран за почесен член на Британската и на Полската асоцијација на дерматовенеролозите. Љ. П.