РУБЕН, Емил

РУБЕН, Емил (Скопје, 17. Ⅶ 1948) – филмски и театарски актер, уметник со симптомот на актерски вундеркинд; на екран се појави во својата седумгодишна возраст во филмот „Тие двајцата“ и веднаш ги плени гледачите со непосредноста на играта и сензибилноста на експресивното лице. Уследија успесите во: „Бунтот на куклите“, „Големи и мали“, „Ветерот запре пред зори“, „Малиот човек“, па с“ до „Истрел“, кога како позајакнато момче знае со иста страст да се бори за својот народ и за својата интимна љубов. Г. В. Ремон Рубен