РОЈА ГРЕЈЗАЕ

РОЈА ГРЕЈЗАЕ (ЧУВАР НА ПРАВДАТА) (1942–1944) – албанска фашистичка организација што го популаризирала фашизмот како идеологија и заслугите на Италија и Германија за создавањето на „Голема Албанија“. Ја основал и ја организирал Мурат Лабунишки. Најголем број приврзаници имала во Дебар. Била расформирана во ноември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Балисти, Скопје, 2002; истиот, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје, 2002. Ѓ. Малк. Свадбената церемонија на Александар Македонски и Роксана, гравура на А. Кастењ (ⅩⅠⅩ в.)