РОТ, Алфред

РОТ, Алфред (Ваитен, швајцарија 21. Ⅴ 1903 – 20. Х 1998) – архитект. Дипломирал на Федералниот институт за технологија во Цирих (1926). Редовен професор е на повеќе универзитети во САД и во Цирих. Работел во ателјето на Ле Корбизје и Пјер Женерет во Париз (1927–1928). Се занимавал со Алфред Рот архитектонско проектирање и е експерт за проектирање на училишни објекти. Имал сопствено архитектонско ателје во Цирих. Претставник е на модерната. Негово дело во Македонија е ОУ „Ј. Х. Песталоци“ во Скопје (1967). Објавил повеќе статии во стручни списанија во швајцарија и автор е на неколку книги од областа на архитектурата. Бил почесен и дописен член на повеќе институти и академии во светот. За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран на 7. Ⅴ 1991 г. Кр. Т.