РОТАТОРИИ

РОТАТОРИИ (Ротаториа) – микроскопски ситни организми, со димензии од 0,04 до 2,5 мм. Имаат разновиден облик на телото, но основниот облик е црвовиден. Безбојни се, но кај некои видови обојувањето потекнува од содржината во нивното црево. Во светот се познати над 1.800 видови од ова класа. Ги населуваат претежно копнените води. Во Македонија е чест видот Брацхионус ангуларис Гроссе, кој во Охридското Езеро е застапен во планктонската заедница. Во блатата и локвите често се среќава видот Аспланцхна приодонта Гроссе. Во планктонот на нашите езера, посебно во Охридското, се среќаваат и видовите: Керателла цоцхлеарис Гроссе, Нотхолца лонгиспина Келл., Плеосома трунцатум

Лев., Трицхоцерца цапуцина Њ. &Зцх., Гастропус стѕлифер Имхоф.
ЛИТ.: Огнјанка Поповска-Станковиц, А цонтрибутион то а беттер кноњледге оф тхе Мицрофауна (Ротаториа, Цопепода анд Цладоцера) оф Стенје Марсх, Фолиа балц., Инст. Писц., Скопје, 1971, 3(1): 1-8; Огњанка Поповска-Станковиќ, Зоопланктонот на Дојранското Езеро, Посебно издание, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје, 1990, 9: 7–124. В. Т. К. – М. Кр.

Емил Рубен

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *