РОМАНОВ, Борис

РОМАНОВ, Борис (Москва, 15. Ⅵ 1941) – пијанист и оргулист. Дипломирал и магистрирал на Конзерваториумот „П. И. Чајковски“ во Москва (Ј. Милнштејн – пијано, Л. Ројзман – оргули, 1966, 1969). Долгогодишен професор на Конзерваториумот „П. И. Чајковски“ и во неговото училиште. Концертирал во Советскиот Сојуз, како и во повеќе од триесет земји во Европа и во Америка. Од 1991 г. редовен професор на ФМУ во Скопје. Со неговото доаѓање во Република Македонијабитно се интензивира работата на одделите по пијано во МБУЦ и на ФМУ. Истакнати ученици: С. Трпчески, М. Ѓошевска, С. Пројковска, И. Настовски, Н. Костова. Сн. Ч.-Ан.