РОКСАНА

РОКСАНА (Роксане) (Ⅱ в. пр.н.е.)
– сопруга на кралот Александар Ⅲ Македонски, ќерка на бактрискиот благородник Оксијарт. Александар се оженил со неа (327 пр.н.е.) од политички причини, со цел да го привлече персиското благородништво на своја страна. Три месеци по неговата смрт го родила синот Александар Ⅳ, кој бил определен за крал. Набргу со Антипатар се повлекла во Македонија (320 пр.н.е.). Во времето на борбата меѓу дијадосите, станувајќи предмет на политички игри, по наредба на Касандар, заедно со синот, најпрвин била заточена, а потоа и убиена.
ИЗВ.: Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921; Јустини, Хисториарум Пхилиппицарум еџ Трого Помпеио, Парисиис, МДЦЦЦЏЏИИИ.
ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје 1995; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.

Напишете коментар