РОВЕЦ

РОВЕЦ (Грѕллоталпа грѕллоталпа Л.) – правокрилен инсект. Познат штетник од фамилијата ровци (Грѕллоталпидае). Живее во бавчи и тревници. Активен е ноќе. Копа ходници во земјата со силните предни нозе. Се храни со штурци, ларви од инсекти и со корења. Во шуплините под земја женката полага 200–300 јајца; по три недели се развиваат ларви кои презимуваат под земја. Распространет е во Средна Европа, но го има и во Македонија. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.