РИСТОВСКИ, Воислав Љубомиров

РИСТОВСКИ, Воислав Љубомиров (Скопје, 3. Ⅲ 1941) – машински инженер и стопанственик. Завршил средно техничко училиште и дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје (1969). УШТЕ како студент бил вработен во ЗОИЛ „Македонија“ како проценител на сообраќајни штети и штети во индустријата (1962–1964), а потоа како конструктор во Погонот за производство на пумпи во Металскиот завод „Тито“ во Скопје (1967–1969) и раководител на Конструктивнотехнолошкото биро (1969–1875), при што го вклучил во програмата за воено производство на ЈНА. Како инженер за изработка и одржување на специјални алати, под негово раководство биле изработени првите специјални хидраулични алати и машини за германските и француските фирми вклучени во програмата на Фабриката за автомобили „Симка“. Во соработка со д-р Воислав Китановски, го изработил новото заштитено иноваторско решение за надворешна фиксација на скршени коски со контрола на силата за притискање. Подоцна бил директор за развој (1975–1978) и заменик-генерален директор (1978 –1983) на Автокуќата „Механика“ во Скопје, по што бил назначен да го раководи сложениот систем за формирање СОЗТ „Авто Скопје“ како обединувач на сите организации од областа на автомобилската индустријата и зачетник на производството на автомобили во СРМ. Најголемиот дел од работниот век го поминал како генерален директор на Фабриката за производство и преработка на хартија „Комуна“, до неговото пензионирање (1983–2005). Особени резултати постигнал во иноваторството за заштеда на вода, електрична и топлотна енергија како клучни основи за намалување на трошоците на производството. Во соработка со професорите на Машинскиот факултет д-р Васко и Милорад шаровски, првпат во хартиената индустрија го вовел иноваторскиот изум за применето производство со вакуум по систем на инјектирање. Во транзициониот период на СФРЈ, меѓу првите стопански субјекти, успешно ја трансформирал фабриката во акционерско друштво и таа е првата македонска организација што формирала мешовита фирма со заеднички капитал со фирма од САД. Приватизационите трансформации биле завршени без потреси и фабриката доживува преродба. Тој продолжил со активна дејност и по пензионирањето. Како раководител ја извршил целосната реконструкција и рестартирањето на Фабриката за хартија во Кочани (во стечај) со новиот сопственик „Алекспром“ од Скопје, со нови современи технолошки решенија (2005– 2006). Како вработен во Светската банка за обнова и развој и експертски тимови од ООН, ја реализирал реконструкцијата, воведувањето на новата технологија и стартирањето на производството на Фабриката за хартија „Онир“ во Елбасан (Република Албанија) (2006–2007), а потоа е ангажиран во реконструкцијата, модернизацијата на технологијата и рестартирањето на Фабриката за производство на хартија за амбалажа „Београдска“ од Белград. С. Мл. Блажо Ристоманов РИСТОМАНОВ, Блажо Благоев твува во изградбата на хидроцентралите: Сапунчица, Дошница, Зрновци, Песочани. Станува началник на градилиштето на браната Маврово. Основач на РГО „Бетон“ (1951) и генерален директор до 1. И 1983 г. Активно се вклучува и во политичко-општествениот живот. ИЗВ.: Биографија од архивата на ГП „Бе-тон“. Р. Д. Кирил Ристоски