РИСТОВСКИ, Блаже Петров

РИСТОВСКИ, Блаже Петров (с. Гарниково, Кавадаречко, 21. Ⅲ 1931) – славист, филолог, културолог, историограф, фолклорист и литературен историчар, член на МАНУ (1988). Гимназиското образование го завршува во Кавадарци и во Прилеп (1950), а Филозофскиот факултет (Групата за литературите на народите на СФРЈ и македонски јазик) во Скопје (1955). Со научноистражувачка работа почнува да се занимава уште по запишувањето на студиите, а првиот истражувачки труд го објавува во тогашниот орган на Катедрата за јужнословенски јазициМакедонски јазик“ (Ⅱ, 5, 1951, 117–120). Блаже Ристовски Иако редовен студент, работи како главен уредник на сп. „Народно здравје“ и шеф на Отсекот за печат во Институтот за здравствено просветување во Скопје (1953– 1955). По едногодишно професорување во Кавадарци (1956/57), се враќа во Скопје и работи како јазичен редактор на Радио Скопје (1957–1961). Како лектор за македонски јазик и предавач за македонска литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (1961–1966) ги води и предавањата на Педагошката академија во Марибор (1965–1966). По одбраната на докторската дисертација „Крсте П. Мисирков – животот и делото“ (1965) е избран за директор на Институтот за фолклор во Скопје. Го покренува и го уредува сп. „Македонски фолкор“ (1968–1978). Основач е и претседател на биеналниот Меѓународен симпозиум за балканскиот фолклор во Охрид. Организира успешна теренска собирачка дејност на македонските народни умотворби, а ја конципира и издавачката дејност на Институтот за фолклор. Како научен советник, преминува во Институтот за национална историја (1977–1991), каде што го раководи Тимот за културната историја и Балканолошкото одделение. Избран е за прв потпретседател на првата Влада на самостојна Република Македонија (1991–1992), а до пензионирањето е научен советник во Институтот за старословенска култура (1993–1995). Беше член на редакциите на сп. „Етнологиа Славица“ (Братислава), „Демос“ (Берлин), „Народно стваралаштво – Фолклор“ (Белград), „Погледи“, „Современост“, „Гласник“ на ИНИ (Скопје) и др. Беше претседател на Здружението на фолклористите на Македонија и на Сојузот на здруженијата на фолклористите на Југославија, прв потпретседател на Одборот на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид (1967), член на Републичката комисија за културни врски со странство, претседател на Советот на Филозофско-историскиот факултет итн. Во два наврата беше гостинпрофесор по македонска историја и цивилизација на Националниот институт за ориентални јазици и Б. Ристовски: „Историја на македонската нација“ (1999) цивилизации (Сорбона Ⅲ) во Париз (1986 и 1992) и секретар на МАНУ (1999–2002). Како истражувач на македонската литературна, јазична и национална историја и на фолклорот во Македонија, објавил повеќе книги за развитокот на македонската културно-национална мисла и над 800 статии и други прилози во разни зборници и списанија во земјата и во странство. Научнистражувачките интереси му се движат во неколку тематски релации и ги зафаќаат спецификите на појавата и развитокот на македонскиот народ и македонската национална мисла и акција до нејзината конечна афирмација; историјата на македонскиот писмен и литературен јазик, литературната историја и фолклорот. Посебно ги истражува и ги афирмира националните дејци од ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в.: Крсте П. Мисирков, Димитрија Д. Чуповски, Наце Д. Димов, Ѓорѓија М. Пулевски, Петар Д. Драганов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Васил Икономов, Никола Вапцаров, Тодор Чопов и др. Во неговите трудови донесе нова документарна фактографија и научна аргументација и со аналитички и критички пристап кон изворите и литературата $ претстави на научната јавност низа пројави, настани и процеси и цела плејада заслужни профили од македонското културно-национално минато. Коавтор е на пет учебника по историја за основното и средното образование. БИБ.: а) посебни публикации: Крсте П. Мисирков (1874–1926). Прилог кон проучувањето на развитокот на македонската национална мисла, Скопје, 1966; „Вардар“. Научно-литературно и општествено-политичко списание на К. П. Мисирков, Скопје, 1966; Лозарите во развитокот на македонската национална мис-ла, Скопје, 1968; Наце Н. Димов (1876– 1916), Скопје, 1973; Ѓорѓија М. Пулевски и неговите книшки „Самовила Македонска“ и „Македонска песнарка“, Скопје, 1973; Македонски народноослободителни песни, Скопје, 1974; Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград. Прилози кон проучувањето на македонско-руските врски и развитокот на македонската национална мисла, И–Ⅱ, Скопје, 1978; Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, И и Ⅱ, Скопје, 1980; Пројави и профили од македонската литературна историја, 1–2, Скопје, 1982; Македонскиот народ и македонската нација. Прилози за развитокот на македонската културно-национална мисла, 1–2, Скопје, 1983; Кочо Рацин. Историско-литературни истражувања, Скопје, 1983; Васил Икономов (1848–1934). Прилог кон проучувањето на македонскиот културно-национален развиток, Скопје, 1985; Крсте Мисирков (1874–1926), Битола, 1986; Македонскиот фолклор и националната свест. Истражувања и записи, И–Ⅱ, Скопје, 1987; Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја. Прилози за македонскиот културно-национален развиток, 1–3, Скопје, 1989–1990; Македонски летопис. Раскопки на литературни и национални теми, И–Ⅱ, Скопје, 1993; Македонија и македонската нација, Скопје, 1995; Димитрија Чуповски и македонската национална свест, Скопје, 1996; Раните ракописи на Крсте П. Мисирков на македонски јазик, Скопје. 1998; Димитар В. Македонски, Свечен собир по повод 150-годишнината од раѓањето и 100-годишнината од смртта, Скопје, 1999; ДимитриŸ ЧуповскиŸ и националÏное сознание, Скопје, 1999; Мацедониан анд тхе Мацедониан пеопле, Виенна–Скопје, 1999; Историја на македонската нација, Скопје, 1999; Крсте Мисирков. Нови истражувања и сознанија, Скопје, 2000; Сознајби за јазикот, литературата и нацијата, Скопје, 2001; Македонската кауза. Реагирања, полемики, интервјуа, Скопје, 2001; Столетија на македонската свест. Истражувања за културно-националниот развиток, Скопје, 2001; б) Избори и редакции: Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби, Книга десетта, Материјали, Литературни творби, Редактирал –, Скопје, 1972; Македонски револуционерни народни песни за Гоце Делчев, Јордан Пиперката и Питу Гули. Избор, редакција и забелешки –, Скопје, 1974; Ѓорѓија М. Пулевски, Одбрани страници. Избор, редакција и забелешки –, Скопје, 1974; К. П. Мисирков, За македонцките работи, „Вардар“. Редакција, предговор и забелешки – Скопје, 1974; Волче Наумчески, Стихови 1939–1941. Редакција, предговор и забелешки –, Скопје, 1979; Тодор Чопов, Собрани творби. Приредил –, Скопје, 1982; Крсте П. Мисирков, Одбрани страници. Приредил –, Скопје, 1991; Рациновите македонски народноослободителни песни, Скопје, 1983; Крсте П. Мисирков, За македонцките работи, Битола, 1983; Никола Вапцаров, Песни за Татковината. Собрани стихови. Подготовка и превод –, Скопје, 1986; Цеко Стефанов Попиванов, Драма во три чина, Скопје, 1996; Зафир Белев, Мемоарски записи за Охридскиот заговор. (Расказ на македонски јазик). Подготвил – (со коавтор), Охрид, 2001; Крсте П. Мисирков, За македонцките работи, Фототипно издание по повод 100-годишнината од излегувањето на книгата, Приредил –, Скопје, 2003; Крсте П. Мисирков, Он Мацедониан маттерс. Он тхе оццасион оф тхе хундретх анниверсарѕ оф тхе публицатион оф тхе боок. Аррангед бѕ Блазе Ристовски, Транслатед бѕ Алан МцЦоннелл, Енглисх транслатион едитор Грахам Њ. Реид, Скопје, 2003; Ѓорѓија М. Пулевски, Славјанско-маќедонска општа историја. Подготовка – (соработник Билјана Ристовска-Јосифовска), Скопје, 2003; Крсте П. Мисирков, Собрани дела, И. Текстови на македонски јазик (1900–1905), Ⅱ. Печатени истражувања и статии (1898– 1909), Ⅲ. Национално-политичка публицистика (1910–1926), Скопје, 2005, 2007 и 2008; Македонистот Петар Драганов 1857–1928. По повод 150-годишнината од неговото раѓање, Скопје, 2007. ЛИТ.: Д-р Симо Младеновски, Белешки за авторот и делото, во кн. на Блаже Ристовски, Профили и пројави од македонската литературна историја, 2, Скопје, 1982, 421–427; 50 години Институт за национална историја 1948–1998, Скопје, 1998, 161–179. С. Мл. Воислав Ристовски