РИСТИЌ, Данило

РИСТИЌ, Данило (штрбац, Србија, 8. Ⅱ 1950) – редовен професор во ИЗИИС, истакнат научник и иноватор со највисоки интернационални признанија во областа на земјотресното инженерство. Основно и средно образование завршил во Књажевац. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје (1976), како најдобар студент. Магистрирал во ИЗИИС, докторирал на Кјото универзитетот во Јапонија (1988). Истакнат раководител, заменик-директор и ментор на магистранти и докторанти. Автор е и коавтор на преку 300 научни и стручни труда. Експерт на ООН. Настапувал на врвни универзитети во Јапонија, Америка, Азија и во Европа. К. Тал. Ирена Ристиќ