РИСТЕСКИ-ПЛАТНАР, Благоја

РИСТЕСКИ-ПЛАТНАР, Благоја (Прилеп, 7. Ⅴ 1949 – Прилеп, 19. Ⅹ 2004) – поет, драмски писател. Завршил средно образование. Работел во издавачката организација „Стремеж“ во Прилеп. Бил директор на Домот на културата во родниот град. БИБ.: Ледна урна, поезија, 1980; Песја пена, поезија, 1984; Лепа Ангелина, драма; Спиро Црне, драма, 1987 и др. ЛИТ.: С. Стојчевски: Неисцрпноста на еден мотив, во книгата Опсада на загатката (2002). П. Гил. Бранислав Ристески