РИНХИНИ

РИНХИНИ – словенско племе населено во Македонија (Ⅵ–Ⅶ в.) од Халкидик до Орфано. Името го добило според хидронимот Ринхиос, источно од Солун (наречени Влахоринхини). Покрстени од светогорските монаси (втората пол. на Ⅷ в.). Кралот (реџ) Пребонд (Првуд) е единствен познат нивни челник. Склучувале сојузи со Стримонците (при опсадата и нападот на Солун, 674/5–677, им се приклучиле Сагудатите и Драгувитите), гусареле по Струма и низ Егејот. Нивното име исчезнало до Ⅸ в.
ЛИТ.: Т. Живковиђ, Јужни Словени под византијском влашђу (600–1025), Београд, 2002. Б. Петр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *