РИБАРСКИ, Кирил

РИБАРСКИ, Кирил (Штип, 27. И 1947) – тромбонист. Еден од најистакнатите македонски репродуктивни уметници. Дипломира во Љубљана (Д. Мишковиќ, 1971), а магистрира на Музичката академија во Загреб (М. Фукс, 1977). Член е на Симфонискиот оркестар на РТВ Љубљана (1971–1977). Потоа станува професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, основач и директор на Интерфест во Битола (1993). Имал бројни концерти низ целиот свет, а реализирал и голем број снимки за повеќе издавачки куќи. Б. Орт.