РЕПУБЛИКА

„РЕПУБЛИКА“ – прв независен дневен информативен (краткотраен) весник што се појавил на 2 август 1991 г., спроти Денот на осамостојувањето на РМ. Основачи: Јордан Плевнеш, Гоце Трајковски (директор на НИО „Република“) и Неан Кристоф Нотиас (директор на Еуропрес инвестисман, Париз). Редовното излегување продолжило во октомври за да згасне во почетокот на 1992 г., по отпечатените 147 броја. Се печати како неделник, од 25 декември 1992 г. Главен и одговорен уредник Владо Мокров, потоа Ненад Баткоски. Б. П. Ѓ.