РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Во ноември 1943 г. на Второто заседание на АВНОЈ, во Јајце, македонскиот народ првпат во својата современа историја бил признат како посебна државносна нација и Македонија, како посебна

Македонија во границите на Европа
федерална единица, влегува во составот на Демократска Федеративна Југославија. На Првото заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944), Вардарскиот дел на Македонија е прогласен за Република и таа станува рамноправна федерална република во составот на Југославија под името Демократска Федерална Македонија. Президиумот на Народното собрание ја преименува во Народна Република Македонија (1946), а од 1965 до 1991 г. таа го носи името Социјалистичка Република Македонија. Во 1991 г. со референдум се прогласува за самостојна држава под името Република Македонија, која во 1993 г. е призната како 181ва држава членка на Обединетите нации. Географска положба. РМ е јужноевропска држава. Сместена е во централниот дел на Балканскиот Полуостров и претставува карактеристична балканска земја. Меѓутоа, целата нејзина територија е свртена и гравитира кон медитеранскиот басен. Ваквата јужноевропска, централнобалканска и медитеранска положба $ овозможува значителни предности и поволности. Медитеранската компонента има нагласено влијание не само врз природните карактеристики на Македонија, туку и врз нејзините цивилизациски текови. Така, тоа влијание особе-

Јосип Броз Тито го чита рефератот на Второто заседание на АВНОЈ (1943)
Одлуката за федеративното уредување на Југославија
донесена на Второто заседание на АВНОЈ (29. Ⅺ 1943)
но се манифестира преку климата, потоа преку растителниот и животинскиот свет, аграрното производство, типот на населбите и куќите, па и преку начинот на живеење на луѓето.
Територијално, РМ се наоѓа меѓу 40º 51’ 16“ и 42º 22’ 21“ северна географска ширина и 20º 27’ 32“ и 23º 02’ 12“ источна географска должина. Географската ширинска разлика изнесува 1º 31’ 05“, а географската должинска разлика 2º 34’ 40“. Во последните години за Македонија, покрај терминот јужноевропска, се употребува и терминот југоисточноевропска држава, западнобалканска држава и сл. На тој начин, освен медитеранската, државата значително ја зајакнува и континенталната димензија на својата положба. Поволната геопрометна положба на РМ и покрај определени ограничувања, овозможува создавање на инфраструктурни системи, особено изградба на квалитетни сообраќајници, кои ја поврзуваат целата нејзина територија со надворешното опкружување.
Граници и големина. РМ како самостојна држава на север се граничи со Р Србија и Косово, на исток со Р Бугарија, на југ со Р Грција и на запад со Р Албанија. Вкупната должина на четирите граници изнесува 850 км. Должината на сувоземната граница изнесува 786 км, а на водената 64 км. Границите, освен северната, се повлечени главно со Букурешкиот мировен договор (1913).
Западната граница кон Албанија се протега во правецот север – југ во должина од 191 км. Започнува на планината Кораб кај местото шерупа на кота 2.092 м, води по сртовите на Кораб, Дешат и Крчин, од каде што се спушта кај с. Спас во Дебарската Котлина и излегува на р. Црни Дрим. Одовде се искачува на планината Јабланица, води по нејзините највисоки делови и преку преслапот ќафа Сан јужно од с. Радолиште излегува на брегот на Охридското Езеро. Оттука го сече Охридското Езеро и западно од манастирот „Св. Наум“ свртува кон исток и преку јужниот дел на планината Галичица се спушта кај с. Коњско во Преспанското Езеро, во кое завршува јужно од островот Голем Град. Македонско-албанската граница во поголем дел е природна, но, во поглед на населението, таа не е етничка, бидејќи од двете страни живее мешано население Македонци и Албанци. Гранични премини: Блато, ќафасан, Свети Наум и Стење.
Македонско-грчката граница е долга 262 км. На запад започнува

Граничниот премин ќафасан кон Р Албанија

Граничниот премин Богородица кон Р Грција

Граничниот премин Деве Баир кон Р Бугарија

Граничниот премин Табановце кон Р Србија

Граничниот премин Јажинце кон Р Косово
јужно од островот Голем Град на Преспанското Езеро, потоа води преку јужниот дел на планината Баба, од каде што, меѓу селата Драгош и Опширина, се спушта во Пелагонија. Во неа поминува меѓу Битолско и Леринско Поле и се искачува на планината Ниџе. Потоа води по највисоките делови на Ниџе, Козјак и Кожуф, од каде што се спушта јужно од Гевгелија во Гевгелиската Котлина, сечејќи ја реката Вардар, се искачува на ниската планина Кара Балија од каде што се спушта на јужниот брег на Дојранското Езеро. Одовде границата свртува кон север, се искачува на Калар Чешме Тепе на планината Беласица. Потоа се насочува кон исток и води по сртот на оваа планина, каде што завршува на кота 1.180 м. Таа не е природна, а не е ни етничка, бидејќи од другата нејзина страна во Егејскиот дел на Македонија живее македонско население. Гранични премини: Меџитлија, Гевгелија, Богородица и Стар Дојран. Македонско-бугарската граница е долга 165 км. Од Беласица, таа најпрво се спушта во Кључката Клисура, каде што ја сече реката Струмица, потоа води преку Огражден, Малешевските Планини, планините Влаина и Кадиица, се спушта на премините Обел и Црн Камен, од каде што се искачува по билото на планината Осогово до нејзиниот највисок врв Руен
(2.252
м). Од него, преку преминот Деве Баир, продолжува кон север до врвот Коприва, каде што завршува источната граница. Од природно-географски аспект, границата кон Бугарија целосно е планинска. Таа не е етничка, би-дејќи од обете нејзини страни живее македонско население. Гранични премини: Ново Село, Делчево и Деве Баир. Северната граница, кон Република Србија и Република Косово, е долга 232 км. Започнува кај врвот Коприва (1.315 м) и продолжува на запад по возвишението на планините: Билино, Герман и Козјак, се спушта кај манастирот „Св. Прохор Пчињски“ во долината на

р.
Пчиња. Оттука поминува преку средишниот дел на планината Ру-ен и се спушта на Кумановскопрешевскиот превој. Потоа продолжува кон Скопска Црна Гора, искачувајќи се во почетокот на Езерска Планина, каде што од Црни Врв (1.233 м) започнува границата кон Република Косово, која преку Копиљача (1.490 м) се спушта во Качаничката Клисура. Во неа ја поминува р. Лепенец, прави еден лак кон Македонија и меѓу селата Грачане и Кривеник се насочува на север, с“ до врвот Љуботен (2.499 м) на шар Планина. Потоа, се ориентира кон запад и води по највисоките делови на шар Планина, с“ до планината Кораб. Оваа граница во основа е природна и во најголем дел е етничка, со исклучок на делницата во областа Гора, во која живеат Гораните, чиј мајчин јазик е македонскиот. Гранични премини: Јажинце, Волково, Блаце, Табановце, Сопот и Пелинце.

Во рамките на наведените граници РМ зафаќа површина од 25.713 км². Спаѓа во групата мали држа
ви. Во правецот исток–запад најголемото растојание меѓу двете граници изнесува 213,6 км, а во правецот север–југ, 145 км. Се вбројува во групата држави што имаат собрана форма (како Романија, Унгарија, Полска и др.). Според големината на територијата, во 2000 г. таа била 152, а според бројот на населението 149 држава во светот.
Природни карактеристики – релјефната структура на РМ ја сочинуваат планини (Кораб – 2.764 м, шар Планина – 2.747 м, Баба
2.601 м, Јакупица – 2.540 м, Осогово – 2.252 м, Беласица – 2.029 м и др.), котлини (Пелагонија
22
4.000 км , Овче Поле – 2.162 км ,
2
Скопска Котлина – 1.924 км , По
2
лог – 1.475 км , и др.), клисури (Дервенска – 21,5 км, Таорска – 31,0 км, Демиркаписка – 19,5 км, Скочивирска – 80,0 км, Дримколска – 28 км и др.) и други помали релјефни форми (вулкански, карстни, глацијални, флувијални и сл.). Најголем дел од нејзината те
2
риторија, 11.044 км или 43,0%, е планинско земјиште, ридските те
2
рени зафаќаат 9.769 км или 38,0%, додека на рамнините отпа
2
ѓаат 4.900 км или 19,0%. На територијата на РМ се јавуваат повеќе од 30 типови почви. Најраширени се кафеавите шумски почви
(729.618 ха), потоа, следуваат делувијалните (133.717 ха) и алувијалните почви (126.207 ха). Од рудното богатство најголеми се резервите на оловно-цинковите руди, околу 45 милиони тони, кои се експлоатираат во рудниците Злетово, Саса и Тораница. Потоа следуваат железните руди со вкупни резерви од околу 150 милиони тони концентрирани во Тајмиште и Демир Хисар, па бакарните руди во Бучим, хромните руди и др. Јаглен има во повеќе котлини, а се експлоатира во рудниците Суводол, Осломеј, Пискупштина и Ратевски ширини. Од неметалните суровини има мермер, цементни лапорци, глини и др. Во РМ се јавуваат три климатски типови: изменето средоземноморска, умерено континентална и планинска клима. Времето е мошне променливо, постојат сушни и врнежливи периоди, во некои години благи, а во други студени зими. Вкупното водно богатство во РМ се проценува на околу 26 ми
3
лијарди м . Хидрографската мрежа ја сочинуваат главно реките (Вардар – 388 км, Треска – 138 км, Пчиња – 135 км, Брегалница – 225 км, Црна Река – 207 км, Црни Дрим и Струмица) и езерата (Охридско, Преспанско и Дојранско). Растителниот свет го сочинуваат претставници од медитеранската и од евросибирската растителна област. шумите, во кои егзистираат преку 3.500 виши растенија, покриваат 953.000 ха или 37% од територијата на државата. Фауната е медитеранска и средноевропска. Од ’рбетната фауна се присутни 55 видови риби, 80 видови цицачи и 330 видови птици.
ЛИТ.: Митко Панов, Географија на СР Македонија, И, Природни и социогеографски карактеристики, Скопје, 1976; Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Ал. Ст.

Напишете коментар