РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕУ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕУ. Стратегиска определба на РМ: Цел што ужива широк национален консензус е зачленувањето во ЕУ. Тоа е комплексен и макотрпен процес. За една земја да стане членка на ЕУ неопходно е да се исполнат критериумите утврдени од Европскиот совет (Копенхашките критериуми од 1993 г., надополнети со Мадридските критериуми од 1995 г.): политички (изградба на стабилни институции што ќе гарантираат демократија, владеење на правото и почитување на човечките и малцинските права); економски (воспоставување на функционирачка пазарна економија и капацитет за справување со компетитивните притисоци и пазарни сили во рам-ките на ЕУ); правни (подготвеност да се преземат обврските за членство) и административни (прифаќање на европската легислатива и нејзино ефективно применување низ административните и судските структури). Македонија е првата земја од т.н. Западен Балкан што потпиша Спогодба за стабилизација и асоцијација (ССА) со ЕУ (април 2001). ССА стана ефективна по ратификацијата од страна на сите земји-членки на ЕУ (април 2004). Ефектите од потпишувањето на ССА за Република Македонијабеа значајни: се воспостави неопходната административна структура и институционална рамка што треба да го координира и да го поттикнува процесот на интеграцијата на земјата во ЕУ; се донесе Национална стратегија за интегрирање на Република Македонијаво ЕУ; се олесни пристапот на македонски производи на пазарот на ЕУ, се интензивираа процесите на преведување на европската легислатива и усогласување на нашето законодавство со европското; се обезбеди пристап до финансиски средства од програмата КАРДС и сл. Иако Македонија досега не ги реализира сите обврски од ССА, ниту пак докрај ги искористи предностите што произлегуваат од неа, потпишувањето на ССА претставуваше силна мотивација за интензивирање на неопходните реформи во клучните сегменти на политичкиот и економскиот систем и за постепено оспособување на земјата за исполнување на критериумите за членство. Меѓу постигнатите резултати што произлегуваат од утврдените критериуми за членство во ЕУ посебно треба да се нотираат: развојот на демократијата и почитувањето на човечките права; заштитата на малцинските права (имплементацијата на Охридскиот рамковен договор); зацврстувањето на широкиот консензус на граѓаните и на сите политички партии за евроатланските интеграции; значајните достигнувања во дел од сегментите неопходни за воспоставување на функционирачка пазарна економија (в. пазарна економија), за што сведочат и индикаторите за прогресот на транзицијата во Македонија (в. транзиција на македонската економија), и сл. Признанието за остварениот прогрес во реформите пристигна во декември 2005 г., кога Република Македонијастек-Богатство од планинско-ридски и хидрографски предели – поглед од Бистра кон Мавровското Езеро на статус на земја-кандидат за членство во ЕУ. Меѓутоа, Македонија с“ уште нема добиено датум за почеток на преговорите за зачленување во ЕУ, што само по себе упатува на фактот дека во одделни области реформите се одвиваат бавно. Идните реформи особено ќе бидат фокусирани врз: подигање на компетитивната способност на македонските фирми и сектори и економијата во целина (в. конкурентност); подобрување на инвестиционата клима во сите нејзини сегменти (в. инвестициона клима); подигање на капацитетот на дејствување на институциите, посебно на судскиот систем и регулаторните институции (в. институции); и создавање ефикасна и деполитизирана јавна администрација, способна да планира, да буџетира и да имплементира проекти (претпристапните европски фондови за Македонија станаа ефективни во 2007 г.) и воопшто да работи според европските стандарди и критериуми (в. јавна администрација). Успешното спроведување на спомнатите реформи ќе $ овозможат на Македонија, на среден рок, да создаде функционирачка пазарна економија и полесно да се справува со компетитивните сили и притисоци во рамките на ЕУ. ИЗВ.: В. Кандикјан, Економика на асоцирањето на Република Македонија во ЕУ, Отворени предизвици на македонската економија, МАНУ, Скопје, 2004; Извор: ЕБРД Транситион репорт 2006. ЛИТ.: УНДП Блуе Риббон Репорт (Ј. Брада анд Т. Фити Ед.), Скопје. 2006; Отворени предизвици на македонската економија, МАНУ, Скопје, 2004. Т. Ф. Воспоставени врски и односи: Владата на Република Македонијаиспраќа претставник во Брисел на 5. Ⅹ 1992 г., пред официјалното воспоставување дипломатски односи, коешто се случува по потпишувањето на Привремената согласност за нормализација на односите меѓу Република Македонијаи РГР (29. ⅩⅠⅠ 1995). Следуваат Спогодбата за соработка (1. И 1998), Спогодбата во областа на сообраќајот (28. Ⅺ 1997) и Спогодбата за трговија со текстилни производи (1. Ⅷ 1998). Од 11. Ⅲ 1996 г. Република Македонијае редовен корисник на ФАРЕ фондовите. На 1. Ⅳ 2004 г. стапува во сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација. На 22. Ⅲ 2004 г. премиерот на Република МакедонијаБранко Црвенковски го доставува до Берти Ахерн, премиерот на Ирска, претседавач со Советот на ЕУ, барањето на Република Македонијаза прием во членство на ЕУ, откако првозакажаната церемонија (26. Ⅱ 2004) е одложена поради загинувањето на претседателот на Република МакедонијаБорис Трајковски. На 9. Ⅺ 2005 г. се обзнанува документ на Европската комисија (9. Ⅺ 2005), подготвен по барање на Советот на ЕУ (17. Ⅴ 2004), откако Република Македонијадоставува Барање за прием во членство на ЕУ (22. Ⅲ 2004). На 9. Ⅺ 2005 г., се објавува Аналитичкиот извештај на Европската комисија за Барањето на Република Македонијаза прием во ЕУ, кој го анализира Барањето на Република Македонијапреку предисторијата на односите Република Македонија– ЕУ, способноста на Република Македонијаза исполнување на Копенхагенските критериуми (1993), степенот на нивното фактичко остварување, степенот на исполнувањето на условите од Процесот на стабилизација и асоцијација (1997), степенот на исполнувањето на условите дефинирани специјално за РМ, особено остварувањето на Рамковниот договор (2001) и степенот на исполнувањето на приоритетите од Европското партнерство (2004), заедно со Мислењето на Европската комисија. Европскиот совет (15–17. ⅩⅠⅠ 2005) донесува одлука Република Македонијада добие статус кандидат за членство во ЕУ, што следува по објавувањето на мислењето на Комисијата, а пред едногласното носење одлука во Европскиот совет за отворање преговори за членство. ЛИТ.:Татјана Петрушевска, Республика Македония на пути к ЕвропеŸскому СоÓзу, Зборник научних статиŸ профессоров и преподавателеŸ Áридического факулÏтета МГУ им. „Ломоносова“ и Јуридического факулÏтета „Áстиниана И“ Университета им. „Св Кирилла и Мефодия“: Актуални вопроси государства и права в РоссискоŸ Федерации и в Республике Македонии, в. И, Статут, Москва, 2006; Татјана Петрушевска, Кандидатурата и по неа, „Политичка мисла“, бр. 13, Скопје, 2006. Т. Петр.