РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА НА ОБСЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА НА ОБСЕ. Функцијата на КЕБС е воспоставена со Хелсиншките одлуки (јуни 1992) како реакција на ситуацијата во поранешна Југославија заради навремено идентификување, предупредување и реагирање на тензиите во кои се вклучени малцинствата што би можеле да ескалираат во конфликти. Во Република Македонијасе манифестира во врска со меѓуетничките односи преку разни активности, од предлагање мониторинг на Советот на Европа, ООН, ЕЗ и Меѓународната конференција за поранешна Југославија за подготвувањето и спроведувањето на Пописот на лицата, становите и домаќинствата (1994), преку решавање на прашањето на наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје (1997), до отворањето на Универзитетот за Југоисточна Европа (20. Ⅺ 2001). ИЗВ.: Канцеларија на ОБСЕ – Скопје, Скопје, 2006. Т. Петр.